Ракомет

Ракометарите на Охрид на силен турнир во соседна Србија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Тимот на Стевче Алушовски ќе игра на силен турнир во соседна Србија, како дел од подготовките за пролетната полусезона во Суперлигата.

Имено, охридските гладијатори ќе бидат дел од четвртиот меморијален турнир ,, Вук Рогановиќ ‘’, кој ќе се одржи на 25-ти и 26-ти Јануари во Белград. Турнирот се одржува од Јануари, 2022 година, во знак на сеќавање на еден од најтрофејните тренери во Србија, кој починал на 12.04.2021 година. Во својата кариера како играч настапувал за Младост од Земун, потоа продолжил во Динамо од Панчево, во шведски Гетеборг и во Белгија, каде и ја завршил својата играчка, а ја започнал својата богата тренерска кариера од 44 години, во која предводел вкупно 25 клубови и освоил 24 трофеи.

Охрид ќе биде во друштво на домаќинот- Партизан, Динамо Панчево, како и хрватскиот клуб Нексе Нашице. Турнирот ќе трае два дена, а двојките ќе бидат познати непосредно пред турнирот.

Ова ќе биде одлична прилика за амбициозните охриѓани да одработат квалитетни подготовки за остатокот од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!