ФудбалФутсал

ВИДЕО: Преполна сала за Јакимовски – Кратово слави голема победа над Каршиака!

Сподели
Сподели

Вечерва беше отворено 9. коло во Втората футсал лига, во меч каде Кратово со 9:4 запиша голема победа над тимот на Каршиака.

Градската сала во Кратово беше исполнета до последното седиште, поддршка за нивниот миленик, но и поддршка и спортски поздрав за капитенот и голман Зоран Јакимовски, кој се повлекува од професионалниот спорт поради здравствени причини.

Ѓорѓи Ивановски постигна три гола, двоен стрелец беше Димитар Стојановски, а по еден гол за Кратово постигнаа Бобан начковски, Адријан Ефремов и Горан Арсовски.

За гостинскиот тим стрелци беа Фуркан Ќани, Нехат Емини, Садам Куртиши и Неџати Шабани.

Погледнете ја атмосферата од Градската сала во Кратово и изјавата на Јакимовски за Спортска Мрежа.

Утре ќе бидат одиграни уште четири натпревари, а колото ќе се комплетира во понеделник.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!