Останато

Македонските тенисери ќе се борат за петтото место на „Summer Cup“

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската машка тениска репрезентација настапува на турнирот „Summer Cup“ во Анкара, каде што се играат натпреварите од Зоната Д. Нашата селекција, во состав Кристијан Јанев, Ерион Незири и Матеј Попов, по првите два меча забележа една победа и еден пораз.

Во воведното коло Македонија загуби од домаќинот Турција со 3:0. Кристијан Јанев беше поразен од Арен Бајбарш со 2:0 во сетови (6:3, 6:4), додека Ерион Незири, иако поведе со 1:0 во сетови, загуби од Орхан Алп Акјол со 2:1 (2:6, 6:1, 6:4). Во натпреварот во двојки, Незири и Попов претрпеа пораз од Бајбарш и Акјол со 2:0 во сетови (4:1, 5:3).

Во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место, македонските тенисери остварија убедлива победа над Црна Гора од 3:0. Јанев славеше против Лука Луковац со 6:1 и 6:1, додека Незири по два тај-брејка го совлада Скендер Катана со 7:6(4), 7:6(6). Победа донесе и тандемот Јанев/Попов, кој во мечот во двојки ги победи Луковац и Катана со 2:1 во сетови (4:2, 3:5, 10:3).

Македонија денес ќе се соочи со Хрватска во натпреварот за петтото место, додека во големото финале силите ќе ги одмерат селекциите на Романија и Турција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје со пораз ја започна сезоната во АБА2-лигата

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, со пораз ја започна новата сезона во АБА2-лигата. „Сино-белите“ на гостувањето во Никшиќ загубија од домашната...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа, сега се соочува со резултатска криза откако тимот од Штип претрпе...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!