Прва лигаФудбал

Силекс денес го пречекува „разнишаниот“ Башкими

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс денес го пречекува „разнишаниот“ Башкими од Куманово на стартот од новата сезона.

Кратовци ќе ја имаат улогата на фаворит на овој меч и ќе целат кон трите бодови, а со тоа да се започне сезоната на најдобар можен начин. Силекс и годинава ќе биде претендент да се вмеша сериозно во трката за титулата, а во Купот на Македонија ќе има за цел да ја одбрани Куп титулата.

Прволигашот од Кратово под водство на стратегот Александар Васоски беше блиску до пласман во второто квалификациско коло во Конференциската лига, откако на гости го доби Динамо Минск со минимални 0:1, во Скопје во регуларниот дел беше 0:1 за гостинот од Белорусија, а потоа во пенал-серијата Силекс беше поразен и сега останува фокусиран на предизвиците во шампионатот.



Од друга страна Башкими влегува целосно ремонтиран и со млади сили во новата сезона, што ќе биде под нивото од минатата сезона кога зборуваме за квалитет во ростерот, па тоа ќе биде повеќе од сериозен предизвик да се остварат целите – опстанок во елитата.

Предводник на Башкими ќе биде Гајер Реџепи, а негов помошник Бесим Мустафи.

Натпреварот во Кратово започнува во 17 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!