Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата сезона која стартува на 15 август, кога радовишани ќе се соочи со Шкупи во гости.

Нови имињата во тимот од Радовиш се искусниот Зоран Андонов, како и младиот Асан Риифадов, кој го засилија Детонит Плачковица.

26-годишниот Андонов во Детонит Плачковица доаѓа од прволигашот Силекс, а за него ова значи враќање во Радовиш, бидејќи во минатото го носеше дресот на Детонит Плачковица.

Левиот бек низ неговата кариера настапуваше и за Брегалница, Брера Струмица, Кит Го од Пехчево и Беласица, а Андонов може да игра и како лево и десно крило, што му овозможува на стратегот Горан Здравков можност за комбинации на теренот.

Струмичанецот во Првата македонска фудбалска лига забележа 60 настапи, а на кои постигна два погодоци и запиша пет асистенции.

22-годишниот Рифадов доаѓа од тимот на Шкупи, се работи за дефанзивен играч од средниот ред, кој може да игра и како лев бек. Во неговата кариера настапуваше и за Брера Струмица, Каменица Саса, Слога Виница, Гостивар и последно Шкупи.



Рифадов во Првата лига забележа 26 настапи со една асистенција, а има и четири настапи во Купот на Македонија исто така со една асистенција.

Претходно, како што ексклузивно објави Спортска Мрежа, радовишани се засилија со Махир Ајрули, Марио Аџиев, Филип Димоски и Бранимир Иванов, а според информациите на Спортска Мрежа ќе има уште неколку квалитетни засилувања.



 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!