Втора лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ подобри од „жетварите“ на пријателската во Кочани

Сподели
Сподели



Денес на Градскиот стадион во Кочани се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Осогово и Еуромилк ГЛ, кој заврши со три погодоци за славје на „лисиците“ од 1:2 над „жетварите“.

Стрелец на првиот гол за Еуромилк ГЛ беше Никола Анчевски, а пак во вториот дел погодок за тимот од Горно Лисиче постигна новото засилување Стојан Попоски. До крајот на натпреварот Осогово успеа да го ублажи поразот откако домаќинот постигна гол за конечни 1:2.

Резултатот оди во втор план, а целта е на истите да се провери формата и како истата се подига пред стартот на пролетниот дел. До крајот на летните подготовки и двете екипи ќе одиграат по уште неколку пријателски натпревари за проверка на формата.

Двете екипи новата сезона ја отвараат во Струмица, Еуромилк ГЛ ќе игра против Брера, а пак Осогово против Беласица.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Талевска обезбеди бод за Пелистер во мечот со Скопје, Димитровска со два гола за победа на Саса, Вардар ја „здроби“ Речица

Пелистер „откина“ бодови во дуелот во Пржино со шампионот Скопје, откако двете екипи одиграа 1:1 во меч од 8. коло на Првата женска...

Трета лигаФудбал

Љуботен претрпе пораз, Дрита и Лирија ремизираа, немаше победник ниту на мечот меѓу Јехона и Цетинска

Четвртото коло донесе многу погодоци во Трета лига регион 6, само на еден натпревар беше доволен еден гол да го реши победникот. Кораб...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!