Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедливо ја отвори сезоната, Шкендија Арачиново без бодови на прволигашкото деби

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум | АРХИВА
Сподели

Струга Трим Лум на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со убедливи 3-0 ја совлада дебитантската екипа на Шкендија Арачиново и ги освои првите три бода.

Иако гостите имаа охрабрувачки почеток и први се заканија кон голот на стружани, домаќините постепено ја презедоа контролата врз играта и почнаа да создаваат сè поопасни ситуации пред противничкиот гол.

Резултатот беше отворен во 23. минута, кога Марјан Радески најдобро се снајде по нафрлување од десната страна и ја донесе Струга Трим Лум во водство. Во финишот на првото полувреме домаќините ја удвоија предноста преку Хамонд Агамах, кој успешно реализираше за сигурни 2-0 пред паузата.

Стружани силно го отворија и вториот дел. По направен прекршок во шеснаесетникот беше досуден пенал, а капитенот Буњамин Шабани беше прецизен од белата точка и во 52. минута ги постави конечните 3-0, притоа на најдобар начин го одбележувајќи својот 200. настап во дресот на клубот.

До крајот на средбата Струга Трим Лум продолжи да доминира и создаде уште неколку добри можности за поубедлив триумф. Радески ја погоди и стативата, додека Агамах повторно се најде во изгледна позиција, но гостинскиот голман Столевски спречи уште поголема негатива.

Шкендија Арачиново, и покрај неколкуте закани во текот на натпреварот, не успеа да го пронајде патот до мрежата, бидејќи голманот Андреј Јовчевски беше сигурен на голот на домаќините.

Во следното коло Струга Трим Лум ќе гостува кај Скопје, додека Шкендија Арачиново на домашен терен ќе го пречека Силекс во обид да ги освои првите прволигашки бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!