Прва лигаФудбал

Демири: Одиме таму да играме фудбал и да го дадеме максимумот па очекуваме добар резултат

Сподели
Сподели

Екипата на Шкендија Арачиново ќе испише ново поглавје во својата клупска историја, откако со гостувањето кај Струга Трим Лум ќе го има своето деби во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот прволигаш по успешната мината сезона и изборениот пласман меѓу елитата, со големи амбиции влегува во новиот предизвик. Првиот испит носи тешко гостување против поранешниот шампион Струга Трим Лум, но во таборот на Шкендија Арачиново веруваат дека можат достојно да се претстават и да ја започнат сезоната со позитивен резултат.

„Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе мешавина од емоции, гордост, но истовремено и голема одговорност“, изјави на почетокот Бесир Демири.

Искусниот дефанзивец верува дека тимот од Арачиново имаше квалитетни подготовки за претстојната сезона и затоа верува во позитивен резултат.

„Екипата работеше исклучително добро за време на подготвителната фаза под водство на тренерот Берат Имери. Исто така, донесовме и значајни засилувања за кои верувам дека дополнително ќе го подигнат квалитетот на тимот“, истакнува Демири.

„Судбината сакаше нашиот прв натпревар да биде токму против клуб како Струга – стабилна екипа која со години е во самиот врв на домашниот фудбал. Сепак, ние сме Шкендија и не патуваме во Струга како туристи. Одиме таму да играме фудбал, да го дадеме максимумот и, по интензивниот подготвителен период, да се покажеме во вистинско светло на теренот и да ги видиме резултатите од нашата работа“, заклучи Бесир Демири.

Дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга, со почеток во 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!