Прва лигаФудбал

Шабани: Напорно работевме, време е тоа да го покажеме на теренот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Струга Трим Лум со домашен натпревар против новиот прволигаш Шкендија Арачиново ќе ја започне новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот на стадионот во Струга се игра денеска со почеток од 17 часот, а стружани посакуваат победнички старт пред своите навивачи.

Капитенот Буњамин Шабани истакна дека целта е освојување на трите бода, но предупреди дека противникот не смее да се потцени.

„Мечот против Шкендија Арачиново е многу важен за нас, затоа што се работи за почеток на новото првенство. Работевме напорно во подготвителниот период и сметам дека целосно подготвени го очекуваме стартот на сезона. Иако оваа сезона првпат ќе настапуваат во Првата лига, тие беа многу активни на трансфер-пазарот и доведоа неколку квалитетни фудбалери. Станува збор за екипа која заслужува почит. Ние добро ги анализиравме и мора да го дадеме максимумот ако сакаме првенството да го започнеме на начин каков што посакуваме“, изјави Буњамин Шабани.

Шабани денеска ќе го одигра својот 200. јубилеен натпревар во дресот на струшкиот клуб во сите натпреварувања.

Шабани е фудбалерот со најдолг стаж во Струга Трим Лум. Кумановецот ќе ја започне својата седма последователна сезона во клубот, со што е најверниот играч и фудбалерот со најмногу настапи во историјата на тимот.

„Можам да кажам дека ова е голема чест и чувство кое тешко се опишува со зборови. Не е лесно да влезете во историјата на еден клуб, но еве, тоа ми се случува. Ова покажува колку се важни меѓусебната доверба, лојалноста и почитта што ги имаме. Искрено, во Струга се чувствувам како дома и се надевам дека овој јубилеј ќе го прославиме со победа на денешниот натпревар“, изјави Шабани.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!