Прва лигаФудбал

Тиквеш со убедлива „петарда“ против Арсими го отвори 35. шампионат во ПМФЛ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Со убедлива победа од 5-1 над Арсими, екипата на Тиквеш на најдобар можен начин ја започна новата сезона и ги освои првите три бода во натпреварот со кој официјално беше отворено 35. издание на Првата македонска фудбалска лига.

Кавадарчани уште од самиот почеток покажаа дека имаат јасна намера да стигнат до триумф. По неколкуте почетни закани, првиот погодок во новата прволигашка сезона го постигна Тохеб Лавал во 18. минута, а девет минути подоцна Н’Фанли Сила ја удвои предноста на домаќините.

Арсими накратко се врати во игра преку прекрасниот погодок на Албин Рамадани, кој намали на 2-1, но Тиквеш експресно одговори. До крајот на првото полувреме Лавал уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Сила со својот втор гол ги постави убедливите 4-1 по првите 45 минути.

Во второто полувреме кавадаречкиот состав продолжи да ја контролира играта и не дозволи гостите да создадат сериозна неизвесност. Во 58. минута Сила уште еднаш ја затресе противничката мрежа, го комплетираше својот хет-трик и ги постави конечните 5-1.

Покрај убедливиот резултат, Тиквеш остави впечаток на организирана и офанзивно расположена екипа, која создаде уште неколку можности за поголема победа. Од друга страна, Арсими ќе има многу работа пред следните предизвици, особено во дефанзивната линија.

Со оваа убедлива победа, Тиквеш испрати силна порака уште на стартот од шампионатот дека ќе биде сериозен конкурент во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!