Ракомет

РК Струга и официјално остана во Супер лигата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Ракометниот клуб Струга и следната сезона ќе се натпреварува во Супер лигата, иако клубот испадна губејќи во баражот од Младост од Богданци.

Стружани имаа среќа да останат во елитата, откако Пролет се откажа од натпреварување во Супер лигата и пријави учество во Првата ракометна лига, па отвореното слободно место го пополни Струга.

Стружани сега се фокусирање на креирани на тим за следната сезона, кој ќе биде конкурентен со цел да не се дозволи одново сезона во која ќе се брка тежок опстанок.

Струга засега е засилена со Мартин Јовановски на голманската позиција, левиот бек Христијан Крстаноски и десниот бек Пеце Рајатоски, а според информации на Спортска Мрежа се работи активно на ангажирање на нови засилувања.



Клубот остана без Филип Мечкароски кој се пресели во Куманово заедно со Наум Костов, а пак Војо Клењоски замина во Мулти Есенс.

Струга на тренерската позиција ќе го има Божидар Мојсов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!