Втора лигаФудбал

Капсаров: Доаѓам полн со мотивација и верувам дека заедно ќе го вратиме Пелистер таму каде што припаѓа

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Новото засилување на Пелистер, Костадин Капсаров, со голем ентузијазам го започнува новото поглавје во својата кариера. По одличната сезона во дресот на Брегалница, со која стана шампион во Втората македонска фудбалска лига и избори пласман во елитата, 21-годишниот напаѓач сега ќе ги брани боите на битолскиот клуб.

Капсаров зад себе остави фантастична сезона во Штип, каде со 14 постигнати голови беше најдобар стрелец на Брегалница и еден од најзаслужните за враќањето на „сините“ во Првата лига.

Во својата прва изјава по потпишувањето за Пелистер, Капсаров не ја криеше радоста што ќе го носи зелено-белиот дрес.

„Среќен сум што станав дел од Пелистер. Одлучив да дојдам тука поради одличните услови за работа, добрата средина за напредок и амбициозниот проект на клубот. Доаѓам полн со мотивација и желба да се докажам и верувам дека заедно ќе успееме да го вратиме Пелистер таму каде што припаѓа. Со нетрпение очекувам да заиграм пред битолската публика и ќе дадам сè од себе за да ја оправдам довербата.“

Капсаров претходно во кариерата настапуваше и за АП Брера Струмица, Беласица и Детонит Плачковица.

Пелистер во новата сезона ќе атакува на експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, а првиот предизвик битолчани ќе го имаат на домашен терен против дебитантот Камјани. Со ангажманот на Капсаров, клубот добива напаѓач кој веќе покажа дека знае како се освојуваат бодови и титули во второлигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива Паланка, но воведниот меч не понуди ниту победник, ниту голови. Академија...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига регион 1 откако на домашен терен со 4:1 славеше над Марино....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!