Ракомет

Три звучни засилувања за Алкалоид пред новата сезона!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Екипата на Алкалоид продолжува со екипирањето за новата сезона. Клубот официјално ги претстави трите летни засилувања – словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и црногорскиот интернационалец Вуко Борозан, кои треба да донесат дополнителен квалитет во составот на Кирил Лазаров.

Од екипата на Охрид доаѓа Вуко Борозан, искусен лев бек кој зад себе има богата интернационална кариера. Триесет и двегодишниот Црногорец настапувал за повеќе клубови низ Европа и Блискиот Исток, а одлично ја познава и македонската Супер Лига. Со своите 203 сантиметри ќе претставува сериозно засилување во бековската линија на Алкалоид.

ФОТО: РК Алкалоид

Нов член на македонскиот тим е и словенечкиот десен бек Нејц Цехте. Триесет и тригодишниот ракометар минатата сезона ја заврши во редовите на германски Фуксе Берлин, финалист во Лигата на шампионите. Во својата кариера ги носеше дресовите на Кршко, Горење Велење, Хановер, ГОГ, а настапуваше и во македонскиот шампионат како член на Еурофарм Пелистер.

ФОТО: РК Алкалоид

Ростерот ќе го засили и словенечкиот пивот Матиц Сухолежник. Триесет и едногодишниот ракометар, висок 202 сантиметри, во Алкалоид доаѓа од РД Слован, а претходно настапуваше за Целје, француските Данкерк и Саран, португалска Бенфика, како и за хрватскиот шампион Загреб.

ФОТО: РК Алкалоид

Со ангажманот на тројцата искусни интернационалци, Алкалоид дополнително го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе има високи амбиции на домашната и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!