Втора лигаФудбал

Голем новитет во Втора лига: ФФМ воведе задолжителен настап на играчи до 21 и до 19 години

Сподели
Сподели



Познати се пропозициите за Втората македонска фудбалска лига за сезона 2026/2027, а новитет во тоа е член 20б кој се однесува на обврска за настап на млади играчи.

Сите клубови во Втората лига ќе треба натпреварот за го започнат и завршат со три домашни фудбалери кои немаат навршено 21 година и еден домашен фудбалер кој нема навршено 19 години.

  • Обврска за настап на млади играчи

Член 20б

1. Сите клубови учесници во Втората MФЛ, натпреварот мора да го започнат и завршат со 3 (три) домашни фудбалери кои немаат навршено 21 година и 1 (еден) домашен фудбалер кој нема навршено 19 години.

2. За екипата која од причини поврзани со Ковид или друг предизвикувач, остане со 11 (единаесет) фудбалери кои можат да настапат, став (1) не е задолжителен.

3. Во натпреварувачката сезона 2026/2027 година, право на настап како фудбалери до 21 година, во смисла на Пропозициите на натпреварување во Втора МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2005 година и подоцна, додека право на настап како фудбалери до 19 години, во смисла на Пропозициите на натпреварување во Втора МФЛ, имаат сите фудбалери родени на 01.01.2007 година и подоцна.



4. Фудбалерите од став (3) на овој член имаат право на настап како фудбалери до 21 година, односно до 19 години, за времетраење на целата натпреварувачка година.

5. Клубот нема обврска натпреварот да го заврши со пропишаниот број на фудбалери до 21 година и/или со фудбалер до 19 години, доколку ги искористил сите дозволени измени или доколку фудбалерот до 21 година, односно фудбалерот до 19 години, бил исклучен.

6. Доколку фудбалерот од став (1) се повреди, мора да биде заменет со фудбалер од истата возрасна категорија. Ако и заменетиот фудбалер од истата возрасна категорија се повреди, клубот нема обврска натпреварот да го заврши со фудбалер кој нема навршено 21 година, односно со фудбалер кој нема навршено 19 години.

7. Домашниот фудбалер од став (1), кој согласно правилата на ФИФА има право на настап и за странска репрезентација (на официјален и/или неофицијален натпревар), доколку пред или за времетраењето на првенството биде повикан и одбере да настапува за странската репрезентација, го губи статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година, односно на фудбалер кој нема навршено 19 години, се до негов настап за селекција на ФФМ, кога повторно го стекнува статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година, односно на фудбалер кој нема навршено 19 години.



8. Доколку фудбалер бил повикан и одбрал да настапува на официјален натпревар за странска репрезентација во некоја претходна сезона, со настап за селекција на ФФМ (на официјален и/или неофицијален натпревар против странска репрезентација) повторно го стекнува статусот на фудбалер кој нема навршено 21 година, односно на фудбалер кој нема навршено 19 години.

9. Во временски период од 48 (четириесет и осум) часа, фудбалерите имаат право да настапат на најмногу 3 (три) полувремиња, од кои најмногу 2 (две) полувремиња за период од 24 (дваесет и четири) часа.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!