Останати репрезентацииРепрезентација

Тежок пораз на младите ватерполисти У16 со неверојатни 41:0 од селекцијата на Унгарија

Сподели
ФОТО: Национална пливачка федерација
Сподели

Македонската ватерполо репрезентација до 16 години претрпе убедлив пораз од селекцијата на Унгарија со 41:0 на турнирот „Балкан Ватерполо Гејмс 2026“.

Иако резултатот е тежок, настапот на младите македонски ватерполисти има далеку поголемо значење од самиот исход. По долгогодишна пауза, Македонија повторно има младинска ватерполо репрезентација која ги прави првите чекори кон враќање на европската сцена.

Оваа генерација претставува темел за иднината на македонското ватерполо и доказ дека спортот повторно оживува во нашата земја. Настапите против силни репрезентации се драгоцено искуство за младите играчи, кои допрва треба да го градат својот развој и да стекнуваат меѓународно искуство.

Од Ватерполо федерацијата порачуваат дека ова е само почеток на еден долг процес.

„Ќе продолжиме да работиме уште посилно со цел Македонија повторно да биде препознатлива на ватерполо мапата. Ќе инвестираме во младите и ќе создаваме нови генерации, чекор по чекор. Горди сме на секој репрезентативец, на стручниот штаб и на сите кои се дел од ова патување. Македонија повторно има репрезентација. Македонија има иднина во ватерполото“, порачуваат од федерацијата.

И покрај убедливиот пораз, најважната победа е повторното формирање на национална селекција, која треба да биде основа за развојот на ватерполото во Македонија во годините што следуваат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн ќе играме против Швајцарија, во обид за први бодови во новото...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!