Ракомет

За ‘влакно’ до ТОП 10 – македонскиот шампион повторно ќе чека вајлд-карта

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

И покрај напредокот на клупски план, Македонија нема да има директен претставник во Лигата на шампионите ниту во сезоната 2027/28. Новиот клупски рејтинг на Европската ракометна федерација не ѝ овозможи на нашата федерација место меѓу десетте најуспешни.

Според рангирањето на ЕХФ, кое е изработено врз основа на резултатите во сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26, Македонија се искачи за едно место, но остана на 11. позиција со коефициент 30,67. Пред неа е Норвешка со 34,67 бодови, која ја затвора листата на федерации чии шампиони имаат сигурен настап во најсилното европско клупско натпреварување.

И во сезоната 2027/28 Лигата на шампионите ќе се игра со 24 екипи поделени во шест групи од по четири клуба, според форматот кој ќе биде применет и во претстојната сезона.

Десет федерации повторно ќе располагаат со директно место во елитата – Шпанија, Германија, Данска, Франција, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Хрватска и Норвешка.

Покрај загарантираните учесници, секоја од овие федерации ќе може да аплицира за уште две вајлд-карти за свои клубови кои настапуваат во Лигата на Европа, а најмногу осум екипи ќе добијат таква можност.

Воедно, ЕХФ ќе остави простор и за клубови од федерации без директно обезбедено место. На располагање ќе има најмногу четири позиции за ваквите земји, меѓу кои е и Македонија, додека останатите места ќе бидат пополнети со вајлд-карти по одлука на Европската ракометна федерација.

Македонските клубови и досега обезбедуваа настап во елитата преку специјални покани. За претстојната сезона Вардар доби вајлд-карта за Лигата на шампионите, додека во трите претходни сезони истата можност ја користеше Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!