Останато

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов е ново засилување на Штип УГД

Сподели
ФОТО: Штип УГД
Сподели

Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите одбојкари во земјава, Александар Љафтов, официјално е нов играч  на Штип УГД.

36-годишниот примач зад себе има богата интернационална кариера и повеќе од 15 години е еден од носителите на играта на македонската одбојкарска репрезентација.

Во текот на својата кариера Љафтов настапуваше за голем број домашни и странски клубови, меѓу кои се Работнички Фершпед, Галатасарај, Рибница Ваљево, Анагениси Деринејас, Саут Гас Спортинг, ПТТ Спор, Младост Рибола Каштела, Хебар Пазарџик, Консар Равена, Ал Ибтисам, Ал-Васл, Струмица, ПАОК, МАВ Елоре Фокскон и Бурган Спорт Клуб.

Љафтов беше еден од клучните играчи на македонската репрезентација која настапи на Европските првенства во 2019, 2021 и 2023 година. Со националниот тим освои три сребрени медали во Европската лига (2015, 2016 и 2017), како и сребро во Европската сребрена лига во 2021 година.

Со ангажманот на Александар Љафтов, Штип УГД добива огромно засилување и одбојкар со богато меѓународно искуство, кој се очекува да биде еден од лидерите на тимот во претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!