Втора лигаФудбал

Големо засилување за Новаци: Промовиран Мартин Димоски – Робен

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци продолжува со екипирањето за новата сезона, а најново име кое пристигнува во тимот предводен од штипскиот стратег Иван Варадиновски е искусниот Мартин Димоски – Робен, кој доаѓа од редовите на прволигашот Брегалница.

Станува збор за фудбалер со богато искуство, кој се очекува да биде значајно засилување за амбициозниот состав на Новаци во претстојната сезона.

Во својата кариера, покрај за Брегалница, Димоски настапуваше и за Каменица Саса, Вардар Неготино, Детонит Плачковица, Силекс, Кит-Го од Пехчево, како и за поранешниот штипски второлигаш Баби.

Новаци веќе го одигра и првиот контролен натпревар во подготовките, на кој беше поразен од Охрид со минимални 1:0.

Се очекува екипата во наредниот период да продолжи со одигрување на пријателски средби и дополнително да го воигрува тимот пред стартот на новата второлигашка сезона.

Исто така, според информации на Спортска Мрежа се очекува уште барем две засилувања. Претходно, Новаци се засили со Кирил Стојков, Петар Гугуљанов, Стефан Спировски и Андреј Сиљаноски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!