Турнири

ФОТО: Интерпласт со висок пораз, моќно издание на ФАФА Транспорт, тесна победа за Тобако Јаков и Такси Бате ЗЦ

Сподели
Сподели

По вчерашниот слободен ден поради финалето на Светското првенство, вечерва продолжија возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ со четири натпревари.

Вечерта беше отворена со висока победа од 9:3 откако Леон Транспорт убедливо го доби Интерпласт. Вториот меч беше повеќе од неизвесен а тимот на Тобако Јаков и Такси Бате ЗЦ со 3:2 го доби Леон Транспорт, откако тимот не можеше да направи два од два во една вечер.

Тимот на ФАФА Транспорт со 6:2 беше убедливо подобра од Даниел Инженеринг, но пак тимот на Даниел Инженеринг со 4:1 беше убедлив над Гринс Ресторан.

За вторник на програмата се предвидени исто така четири натпревари.

20:00 часот Вергови – Greens restoran
21:00 часот Изведен – Фенербахче
22:00 часот Тобако Јаков&Такси бате ЗЦ – Интерпласт
23:00 часот Слога Злеово – Леон Транспорт

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се одржува во радовишка Ораовица.



Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!