Трета лигаФудбал

Третолигашот Дојранско Езеро со ново лого и нов тренер ги започнува подготовките

Сподели
Сподели



Третолигашот Дојранско Езеро од Дојран го промовираше новото лого и го назначи Кристијан Ристов за нов шеф на стручниот штаб, а го утврди и планот за подготовки.

Дојранско Езеро го промовираше новото лого – симбол кој ги обединува минатото, традицијата и богатата историја на клубот со современ и модерен визуелен идентитет.

„Ова не е само нов изглед. Ова е приказна за генерациите кои го граделе клубот, за навивачите кои секогаш биле неговата најголема сила и за иднината што заедно ја создаваме. Во секој детал од новото лого се испреплетуваат нашите корени, љубовта кон Дојран и амбицијата да чекориме напред, без никогаш да заборавиме од каде потекнуваме. Со почит кон историјата. Со поглед кон иднината“, велат од клубот.

Младиот Кристијан Ристов ќе биде нов тренер на дојранчани, а подготовките за новата сезона се закажани за 27 јули.

Како што во ексклузивна изјава соопшти Ристов, ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари низ кои ќе се проверува формата, а во тимот се вклучени неколку нови млади играчи на секоја позиција, а ќе има и неколку поискусни фудбалери, а ќе бидат вклучени неколку млади играчи од ФК Џокер на тренинг со сениорскиот тим на ФК Дојранско Езеро.

Ристов во изјавата за Спортска Мрежа зборуваше и за амбиции на клубот.

„На 27 јули ги започнуваме подготовките за новата сезона, во тимот се додадени нови млади играчи на секоја позиција, каде што ќе има засилување со неколку поискусни играчи, но и играчите од претходниот ростер исто така остануваат во клубот. Во моментов се договараат неколку пријателски натпревари, каде што некои ќе бидат и меѓународни. Плановите на клубот од оваа година ќе бидат да се обезбедат првите три места на табелата. Но, секако доколку се избориме за првото место нашиот приоритет би бил и Втора лига. Имаме млади засилување кои исто така потекнуваат од школата на ФК Џокер и играат низ неколку клубови во Македонија. Во моментот од ФК Џокер ќе тренираат и уште неколку млади играчи со првиот тим на Дојранско Езеро, каде што ќе може да го почувствуваат и тој дел да тренираат со првиот тим“, изјави новиот тренер на ФК Дојранско Езеро, Кристијан Ристов за Спортска Мрежа.

Новата сезона во Трета лига регион 3 треба да започне кон почеток на месец септември.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!