ФудбалЧетврта лига

Се роди нов фудбалски клуб – ФК Металург 2025

Сподели
Сподели



Фудбалска Македонија доби нов фудбалски клуб откако беше формиран Металург 2025.

Според информациите достапни на Company Wall, новиот клуб е основа на 9 декември 2025 година, а клубот ќе стартува во Општинската фудбалска лига на Гази Баба односно Четврта лига по ранг на натпреварување.

На официјалната Фејсбук страница на клубот беше истакнато соопштение во кое што се вели дека клубот е создаден со една визија, да се изгради тим со стил, карактер и победнички дух.

„Со голема чест ви го претставуваме ФК Металург 2025. Клуб создаден со една визија – да изградиме тим со стил, карактер и победнички дух. Ова е само почеток на едно ново поглавје. Почнуваме од почеток. Со многу работа, посветеност и љубов кон фудбалот, оваа сезона ќе се натпреваруваме во 4. Општинска фудбалска лига – Гази Баба. Не нè дефинира од каде почнуваме, туку каде сакаме да стигнеме. Добредојдовте во новата приказна на ФК Металург 2025“, велат од клубот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!