Турнири

Јубилејното 10. издание на турнирот „Ораовица 2026“ носи 390.000 денари награден фонд и бесплатно сместување за екипите од подалечните градови

Сподели
Сподели



Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да уживаат во возбудливи натпревари, бидејќи во организација на ФК „Изведен“ од Ораовица, а под покровителство на Општина Радовиш, ќе се одржи новото издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“.

Организаторите упатија покана до сите екипи, спортисти и љубители на спортот да бидат дел од оваа спортска манифестација, со порака дека и годинава ќе се вложат максимални напори турнирот да биде организиран на уште повисоко ниво. Како што истакнуваат, направена е анализа на пропустите од претходните изданија, со цел годинашниот турнир да понуди уште подобри услови, квалитетни натпревари, фер-плеј игра и пријатна атмосфера за учесниците и публиката.

На турнирот ќе настапат најмногу 24 екипи, а пријавувањето ќе трае до 14 јули 2026 година, додека стартот на турнирот е закажан за 15 јули 2026 година.

Годинава учесниците ќе се борат за вкупен награден фонд од 390.000 денари. Победникот ќе освои 200.000 денари, второпласираната екипа 100.000 денари, третото место носи 50.000 денари, а четвртопласираниот тим ќе добие 25.000 денари.

Освен сениорскиот турнир, ќе се организираат и натпреварувања во пионерска конкуренција, во две возрасни категории – за генерациите 2012–2014 и 2015–2018, како и турнир во женски футсал.

Традиционално ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.



Посебна новина оваа година е што, во рамките на јубилејното 10. издание, организаторите за првпат обезбедуваат бесплатно преноќување за сите пријавени екипи кои доаѓаат од подалечните градови и од странство. Со оваа иницијатива сакаат да им го олеснат учеството на екипите и да им овозможат да бидат дел од едно незаборавно спортско доживување.

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, што претставува втора година по ред на успешна соработка со организаторите. Преку своите платформи, Спортска Мрежа ќе ги следи случувањата, ќе известува за резултатите и ќе ја доближи атмосферата од турнирот до сите љубители на спортот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!