Втора лигаФудбал

Борче Христов е нов тренер на Пелистер, потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели
Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го потврди назначувањето на Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб. Искусниот македонски стратег потпиша договор со битолскиот клуб на две години, со јасно поставени цели и амбиции за периодот што следува.

Од Пелистер истакнуваат дека Христов е тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајна меѓународна кариера. Во својата досегашна работа беше дел од повеќе успешни проекти, а последен ангажман имаше на клупата на Тиквеш.

Во домашниот шампионат претходно ги предводеше и екипите на Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека на меѓународната сцена работеше во азербејџанските клубови Карабах и Зира.

Во клубот веруваат дека неговото знаење, визија и карактер ќе бидат од големо значење во исполнувањето на клупските амбиции, кои се јасно поставени – експресно враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.

Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена првата прозивка на фудбалерите, со што официјално ќе започнат подготовките за предизвиците што го очекуваат битолскиот клуб.

Од ФК Пелистер му посакаа на Борче Христов многу здравје, успех и бројни заеднички победи на клупата на „зелено-белите“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!