Ракомет

Нов професионален договор во Богданци: Мартин Стојановски потпиша за сениорскиот тим на РК Младост

Сподели
Сподели

РК Младост 1977 продолжува да вложува во својата иднина и да им дава шанса на младите таленти од сопствената школа. Нов чекор во својата кариера направи 17-годишниот пивот Мартин Стојановски, кој го потпиша својот прв професионален договор со клубот од Богданци.

Станува збор за еден од најперспективните млади ракометари во школата на Младост, кој со својата напорна работа, дисциплина и посветеност заслужено доби можност да стане дел од сениорскиот тим.

Стојановски, кој настапува на позицијата пивот и е висок 190 сантиметри, во иднина ќе има можност да ги покаже своите квалитети и во најсилната конкуренција, носејќи го сино-белиот дрес.

Од клубот не ја кријат гордоста за новиот професионален договор, потенцирајќи дека развојот на млади играчи останува еден од главните приоритети на РК Младост 1977.

„Со напорна работа, дисциплина и посветеност, Мартин заслужено ја добива оваа можност. Веруваме дека ова е само почеток на една успешна приказна во сино-белиот дрес“, порачуваат од клубот.

Со потпишувањето на првиот професионален договор, Мартин Стојановски направи голем исчекор во својата кариера, а во Богданци веруваат дека пред младиот ракометар претстојат многу успеси и незаборавни моменти во дресот на Младост.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!