Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ пресече: Без подмирени долгови нема настап во Прва и Втора лига

Сподели
Сподели

Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за утврдување на котизациите за клубовите учесници во Првата и Втората македонска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2027/2028.

Управниот одбор донесе одлука клубовите од Првата македонска фудбалска лига кои нема да ги подмират своите финансиски обврски кон Фудбалската федерација на Македонија да немаат право на учество во натпреварувањето, додека клубовите од Втората македонска фудбалска лига со неподмирени обврски нема да можат да учествуваат во извлекувањето на натпреварувачките броеви за новата сезона.

Фудбалската федерација на Македонија во изминатиот период во повеќе наврати излегуваше во пресрет на клубовите, овозможувајќи им одложено и етапно подмирување на обврските врз основа на меѓусебни договори. Сепак, значителен број клубови не ги испочитуваа преземените обврски и договорената динамика на исплата, поради што Управниот одбор оцени дека е неопходно доследно почитување на финансиската дисциплина и еднаков третман за сите клубови учесници во натпреварувањата на ФФМ.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!