ФудбалФутсал

Форца го доби дербито и со Шкупи, Атанасовски со пет гола носи огромна победа за Кеги Моби!

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Форца доби уште едно големо и важно дерби на патот кон одбрана на титулата во Првата футсал лига, откако со 2:3 славеше над Шкупи на гостински терен.

Даниел Марињо Де Соуза по само две минути донесе водство за Форца од 0:1, а веќе во 5. минута Еркан Сефери постигна гол за 1:1. Во вториот дел со двата гола на Иван Крстевски екипата на Форца дојде до предност од 1:3. Во финишот Исмет Цека ги постави конечните 2:3.

Железарец на домашен терен претрпе пораз откако беше поразен од тимот на Осогово со 2:4. Во првиот дел немаше погодоци, а сите шест беа постигнати во вториот дел.

Флажевски и Цветковски беа стрелци за домашниот тим, а пак Риствоски, Станојковски, Ангеловски и Тодоровски беа стрелци за гостинската екипа од Крива Паланка.

Марио Атанасовски сам го победи Бутел и ги обезбеди трите бодови за неговиот Кеги Моби, откако велешани со 5:6 беа подобри.


Токму Атанасовски беше стрелец на пет гола, а Иван Николовски постигна еден гол за гостинот. За домашниот тим Ќендрим Абази беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Филип Јаневски, Ненад Тодоровски и Владимир Трендафиловиќ.

Претходно како што информираше Спортска Мрежа екипата на Јувентус Серава забележа голема победа над фаворитот Проект, а колото ќе се комплетира во среда со градското дерби во Кавадарци меѓу Клими и Црна Река.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!