ФудбалЧетврта лига

Студеничани го декласираше Слободен и стана есенски шампион во ОФЛ Кисела Вода

Сподели
Сподели

Денес се одигра одложениот меч меѓу Слободен и Студеничани од првото коло на Општинската фудбалска лига Кисела Вода или Четврта лига по ранг натпреварот, за што реагираше Студеничани и бараше мечот да го добие службено, но нивната жалба беше одбиена, за што информираше Спортска Мрежа.

Студеничани денес го одигра одложениот меч од првото коло и со 1:4 го декласираше тимот на Слободен и со тоа Студеничани стана есенски шампион во Општинската фудбалска лига Кисела Вода.

Натпреварот денес го решија Сабри Алиу и Бујамин Асани со по два погодоци, а пак за Слободен единствен стрелец беше Петар Петрушевски.

Со девет од девет и максимални 27 бодови на своето конто екипата на Студеничани е есенски шампион во ОФЛ Кисела Вода. Оваа екипа минатата сезона беше шампион, но немаше среќа во бараж натпреварите, откако првиот го загуби од Пчиња, а вториот од Њу Старс и со тоа остана во ОФЛ Кисела Вода и во оваа сезона.

Студеничани го има најефикасниот напад кој реализираше 52 погодоци, што е убедливо најдобар, а пак одбраната приминала само 2 погодоци што е најдобра одбрана.


На второто место заврши екипата на Слободен со 22 бодови на своето конто, а пак трета е Победа 2012 со 19 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ОФЛ КИСЕЛА ВОДА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК Студеничан 9 9 0 0 52 2 +50 27
2 ФК СЛОБОДЕН 9 7 1 1 38 11 +27 22
3 ФК ПОБЕДА 2012 9 6 1 2 25 12 +13 19
4 ФК СЛАВИЈА ПРЖИНО 9 5 1 3 27 19 +8 16
5 ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ 9 5 0 4 36 19 +17 15
6 ФК ТЕКСТИЛЕЦ 9 3 2 4 16 17 -1 11
7 ФК ЗЕЛЕНИКОВО 2022 9 3 1 5 27 23 +4 10
8 ФК ССК НОВА 9 2 0 7 14 37 -23 6
9 ФК ВАРДАР 75 9 1 1 7 9 45 -36 4
10 ФК ССК МЛАДИНЕЦ 9 0 1 8 6 65 -59 1

Најдобар стрелец во лигата е Сабри Алиу, фудбалерот на Студеничани со 14 погодоци.


ЛИСТА НА ДЕЛ ОД НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ ВО ОФЛ КИСЕЛА ВОДА:

  • 14 – Алиу Сабри (ФК Студеничан)
  • 10 – Огњановски Горан (ФК ЗЕЛЕНИКОВО 2022)
  • 9 – Бакијов Емир (ФК СЛОБОДЕН)
  • 9 – Ѕурѕу Никола (ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ)
  • 9 – Кадри Риад (ФК Студеничан)
  • 9 – Шабани Зејди (ФК Студеничан)
  • 8 – Георгиевски Стефан (ФК ПОБЕДА 2012)
  • 7 – Џајкоски Леонид (ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ)
  • 6 – Најдовски Андреј (ФК СЛОБОДЕН)
  • 6 – Продановски Ивица (ФК ЗЕЛЕНИКОВО 2022)
  • 5 – Адеми Ељесаи (ФК Студеничан)
  • 5 – Здравески Стефан (ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ)
  • 5 – Таневски Филип (ФК ТЕКСТИЛЕЦ)
  • 5 – Тодоровски Александар (ФК ТЕКСТИЛЕЦ)
  • 4 – Асани Бујамин (ФК Студеничан)
  • 4 – Блажовски Давид (ФК СЛАВИЈА ПРЖИНО)
  • 4 – Деспотовски Петар (ФК СЛОБОДЕН)
  • 4 – Дончевски Јовица (ФК КУЛ-ЗДРАВЈЕ)
  • 4 – Здравески Петар (ФК СЛАВИЈА ПРЖИНО)
  • 4 – Касами Бурим (ФК Студеничан)
  • 4 – Миновски Никола (ФК СЛОБОДЕН)

Во пролетниот дел екипата на Студеничани оди да го потврди првото место и одново да стане шампион, а со тоа да има нова шанса за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мал Ајакс го доби дербито со Овче Поле, Балкан ја декласираше Победа со 23 гола

Новата сезона во Втората футсал лига на Македонија започна доста ефикасно со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!