Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркари поразени од Бугарија во Самоков

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го одигра првиот контролен натпревар во рамките на подготовките за претквалификациските натпревари, но беше поразена од Бугарија со 97:68 на гостувањето во Самоков.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал на располагање имаше подмладен и некомплетен состав. Во последен момент отпадна капитенот Војдан Стојановски, а во тимот не беа ниту Андреј Јакимовски и натурализираниот кошаркар кој е дел од плановите на стручниот штаб.

Бугарската репрезентација уште од самиот почеток го наметна своето темпо на игра и постепено ја градеше предноста. По првата четвртина домаќините водеа со 28:20, а до заминувањето на одмор ја зголемија разликата на 50:27.

Македонските кошаркари се обидоа да одиграат порамноправно во второто полувреме, но Бугарија продолжи да ја контролира играта и резултатот. По три четвртини резултатот изнесуваше 75:43, што практично го реши победникот на средбата.

Во последните десет минути немаше поголеми промени на паркетот, а домашната селекција без проблеми ја сочува високата предност за конечни 97:68.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Виктор Ефремовски со 13 поени, три асистенции и два скока. Виктор Ташовски додаде 12 поени, три скока и три асистенции, додека Тома Стојановски постигна девет поени. Лука Стојановски средбата ја заврши со осум поени.

И покрај поразот, овој натпревар претставуваше важна проверка за македонскиот национален тим, кој во наредниот период ќе продолжи со подготовките и воигрувањето пред официјалните предизвици што го очекуваат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!