Фудбал

Вардар ги закажа последните проверки пред Лигата на шампионите, следуваат четири тестови во Италија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот шампион Вардар ја финализираше програмата за контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ ќе престојуваат во Италија до 2 јули, каде ќе одиграат четири пријателски средби со цел стручниот штаб да ја темпира формата пред европските предизвици што следуваат.

Првиот тест за Вардар е закажан за 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена подоцна, на 25 јуни, македонскиот шампион ќе ги одмери силите со Норча Калчо.

Подготовките продолжуваат на 27 јуни со натпревар против Ла Фиорита, еден од познатите клубови од шампионатот на Сан Марино, додека последниот контролен дуел е предвиден за 30 јуни против Виртус, уште еден претставник од оваа земја.

Со овие четири проверки Вардар ќе ја заокружи подготовката пред стартот на европската авантура. Македонскиот шампион веќе го дозна и противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со финскиот шампион КуПС.

Стручниот штаб ќе има можност во Италија да ги провери сите расположливи сили и да го подготви тимот за еден од најважните предизвици во сезоната, во обид Вардар повторно да остави белег на европската сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!