Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркарки до 17 години ја победија Молдавија со 95:27 на турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години со убедлива победа го отвори настапот на „Rising Stars“ турнирот во Букурешт, совладувајќи ја селекцијата на Молдавија со високи 95:27.

Избраничките на селекторот Виктор Петровски доминираа од почетокот до крајот на натпреварот. Македонија уште во првата четвртина најави убедлив триумф, откако поведе со 24:5, а до полувремето ја зголеми предноста на 46:18.

Во второто полувреме нашите млади кошаркарки продолжија во ист ритам. Особено убедлив беше третиот период кој Македонија го доби со 29:5, со што практично го реши победникот и стигна до првиот триумф на турнирот.

Дури пет македонски кошаркарки натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасни беа Колева, Гриева и Карајованова со по 17 поени, Пислевска постигна 12, додека Трајковска додаде 10 поени.

Во следното коло Македонија ќе се соочи со селекцијата на Грција. Натпреварот е закажан за утре од 16:00 часот по локално време.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!