Ракомет

Филип Кузмановски останува во Битола: Капитенот ја продолжи верноста кон Пелистер!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Капитенот Филип Кузмановски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Битолскиот клуб потврди дека македонскиот репрезентативец ја продолжил соработката со „зелено-белите“, на големо задоволство на навивачите.

Иако за Кузмановски постоеше интерес и од странство, искусниот бек одлучи да остане во Битола и да продолжи да биде еден од лидерите на тимот. Така, Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе смета на својот капитен, кој веќе неколку години е еден од заштитните знаци на клубот.

ФОТО: Еурофарм Пелистер

Во изминатиот период Кузмановски настапуваше како позајмен играч за Кувајт Клуб, каде што учествуваше на Азискиот шампионат. По краткиот интернационален ангажман, тој повторно се враќа во редовите на битолчани, кои подготовките за новата сезона ќе ги започнат во јули под водство на новиот тренер Лино Червар.

Кузмановски по вторпат го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се врати во Битола во 2023 година, а претходно настапуваше за Металург и Еурофарм Работник. Во својата кариера стекна и богато меѓународно искуство играјќи во Германија за Магдебург, Хановер и Вецлар.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!