Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Милевска: Сакаме пред домашната публика да се покажеме во најдобро светло

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Настапот на женската одбојкарска репрезентација на Македонија во Европската лига 2026 ќе заврши овој викенд во Скопје, каде во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги одигра последните два натпревари против селекциите на Хрватска и Словенија.

По четирите одиграни натпревари на претходните два турнири, македонските одбојкарки сѐ уште се без победа и се наоѓаат на 24. место во генералниот пласман. Од друга страна, Словенија пристигнува во Скопје како една од најуспешните репрезентации досега, со четири победи и без загубен сет, додека Хрватска е на 13. позиција со биланс од две победи и два порази.

Подмладениот состав на Македонија, заедно со промените во стручниот штаб, се соочува со сериозен предизвик во натпреварување кое од оваа сезона има уште поголемо значење поради поврзаноста со квалификациите за ЕвроВолеј 2028. И покрај тешките резултати досега, репрезентативките веруваат дека напорната работа и периодот минат заедно како тим носат видлив напредок. Тие најавуваат максимална борбеност и желба за добро претставување во последните натпревари пред домашната публика.

„Во последниот турнир од овој циклус се соочуваме со две квалитетни репрезентации, а нивните резултати во досегашните натпревари го потврдуваат тоа. По повеќе од еден месец поминати заедно успеавме да се адаптираме едни на други и да создаме екипа која на терен игра како едно. Стручниот штаб поставува тактика, а на нас е да го испочитуваме договореното и тоа да го покажеме на овие два натпревари. Како и досега, можам да ветам дека ќе го дадеме максимумот и ќе оставиме срце на терен. Дополнително, играме пред нашата публика, што ни претставува уште поголема мотивација да се покажеме во најдобро светло и да ја направиме Македонија горда“, заклучува коректорот Андротеа Милевска.

Настапот пред домашната публика во третиот викенд од Европската лига Македонија го започнува вечерва, со почеток од  19:00 часот, кога во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се соочи со Хрватска. Утре, Македонија е слободна, додека Хрватките играат со Словенија, а пак во недела нашите одбојкарки против Словенија го заокружуваат учеството во годинешното издание.

Влезот во салата за сите натпревари е слободен, додека националниот сервис ќе врши директен пренос на натпреварите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес против Бугарија го отвора четвртиот ЕвроВолеј во низа

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација попладнево го започнува настапот на четвртото Европско...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Од 10 септември во продажба билетите за Македонија – Швајцарија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите дека од 10 септември (четврток)...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!