Фудбал

Кривични пријави против претседател и секретар на ОФС Валандово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

СВР Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.С. (66) и М.Г. (54), двајцата од Валандово, поради сомнение за сторени кривични дела „измама во службата“ и „фалсификување службена исправа“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во својство на претседател, а второпријавениот како секретар на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово, во периодот од 2021 до 2025 година во повеќе наврати регистрирале фудбалски клубови за натпреварување во Општинската фудбалска лига Валандово без да бидат исполнети условите за минимален број играчи предвидени со правилниците на Фудбалската федерација на Македонија.

На овој начин, како што наведува полицијата, бил зголемен бројот на делегати во Собранието на ФФМ, на кои им биле исплаќани надоместоци по различни основи. Со ваквите дејствија, според пријавата, за себе и за други лица била прибавена противправна имотна корист од околу 1.350.000 денари.

Дополнително, пријавените се сомничат дека изготвувале записници за наводно одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за учесници на фудбалски средби кои воопшто не биле одиграни.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!