Втора лигаФудбал

Сашо Дуков замина од Детонит Плачковица, искусниот фудбалер во нова средина

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели



Второлигашот Детонит Плачковица во следната сезона нема да може да смета на услугите на искусниот Сашо Дуков, кој реши да менува средина и во новата сезона да настапува за друг клуб.

Дуков во радовишкиот тим пристигна од Кожуф и беше најдобар стрелец за Детонит Плачковица со постигнати 14 погодоци за радовишани.

Дуков е искусен голгетер кој изминатите сезони е меѓу најдобрите стрелци во лигата, а пред две сезони беше најдобар стрелец за Кожуф, а пак претходно на Каменица Саса и благодарение на него „рударите“ го изборија опстанокот.

Пред две сезони Дуков постигна 14 погодоци откако искомбинира дел во дресот на Охрид во есенскиот дел и дел за Кожуф во пролетниот де..

Низ својата кариера искусниот фудбалер покрај за Кожуф, Охрид, Каменица Саса има настапувано и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, кичевски Напредок, а меѓународна кариера градеше во Београд.

Интерес за Дуков веќе се јавува од неколку екипи, па останува да видиме каде фудбалерот од Росоман ќе ја продолжи својата кариера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0 во рамките на 3. коло на Првата футсал лига. Гостинскиот тим...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!