Младински фудбалФудбал

(ФОТО) ГФК Неготино со одличен настап на „Спортинг Куп 2026“ во Србија – освоен медал

Сподели
Сподели

Младите фудбалери на ГФК Неготино достојно го претставија клубот, градот Неготино и Македонија на меѓународниот турнир „Спортинг Куп 2026“ во Србија, остварувајќи одлични резултати во повеќе генерации.

Генерацијата 2015 го заврши својот настап во четвртфиналето, каде по голема борба беше поразена од екипата на ФК Ника со минимални 0:1. И покрај елиминацијата, младите фудбалери заслужуваат пофалби за прикажаната игра, борбеноста и односот кон натпреварите во текот на турнирот.

Особен успех оствари генерацијата 2018, која успеа да го освои третото место и да се искачи на победничкиот подиум. Младите надежи на ГФК Неготино со својата пожртвуваност, желба за игра и тимски дух уште еднаш покажаа дека клубот располага со талентирана иднина.

Од клубот истакнуваат дека настапот на турнирот претставува уште едно прекрасно претставување на ГФК Неготино, градот Неготино и Македонија на меѓународна сцена, а освоениот бронзен медал е награда за трудот и посветеноста на најмладите фудбалери.

Со медали околу вратот, ново стекнато искуство и многу насмевки, младите фудбалери се враќаат во Неготино горди на постигнатото и мотивирани за нови предизвици.

ГФК Неготино воспостави соработка и со НЛБ Спорт за млади.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со што започна подготовката за претстојните репрезентативни предизвици, меѓу кои и настапот...

Ракомет

Вардар ,,гази” без грешка: седум од седум и врвот на табелата!

Вардар останува максимален во домашното првенство. „Црвено-црните“ го добија градскиот дуел со Бутел со 38-30 во рамките на седмото коло и со седум...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица им оддаде почит на клупските легенди Благој Митев и Димитар Георгиев – Шеки

Фудбалскиот клуб Беласица им оддаде посебна почит на две значајни имиња од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!