Ракомет

Живојин Илиќ останува во Младост: Искусниот голман ќе брани и во Суперлигата

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува со формирањето на тимот за новата суперлигашка сезона, а раководството на клубот обезбеди продолжување на соработката со искусниот голман Живојин Илиќ.

Српскиот чувар на мрежата пристигна во Богданци пред само еден месец, а беше клучен во баражот против Струга за влез во Супер лига.

Илиќ беше дел од тимот во клучните натпревари од завршницата на сезоната, а неговото искуство, сигурност на голот и лидерски квалитети беа важен фактор во успешниот бараж преку кој Младост обезбеди враќање во елитното ракометно друштво.

Од клубот веруваат дека искусниот голман ќе има значајна улога и во претстојните суперлигашки предизвици. Илиќ зад себе има богата меѓународна кариера и настапувал во клубови од Норвешка, Чешка, Босна и Херцеговина и Србија, што претставува дополнителна вредност за тимот од Богданци.

Со задржувањето на Илиќ, Младост добива стабилност на голманската позиција и уште еден искусен ракометар кој треба да помогне клубот успешно да се претстави во новата сезона од македонската Супер лига.

Младост веќе ги започна активностите за засилување на ростерот, а продолжувањето на соработката со Живојин Илиќ е уште еден показател за амбициите на клубот да биде конкурентен во елитното натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

РФМ најави турнирски натпреварувања за У13 и мини ракомет, првиот турнир на 31 октомври во Скопје

Ракометната федерација на Македонија планира организирање турнирски натпреварувања за најмладите категории, со цел поголема вклученост на децата во спортот и поттикнување на развојот...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Поврзани написи
Ракомет

РФМ најави турнирски натпреварувања за У13 и мини ракомет, првиот турнир на 31 октомври во Скопје

Ракометната федерација на Македонија планира организирање турнирски натпреварувања за најмладите категории, со...

Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!