Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Ирска и Луксембург

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во понеделник (15 јуни) ќе ги започне подготовките за претстојните натпревари од претквалификациите за пласман во квалификациите за Евробаскет 2029.

Првиот собир на националниот тим е закажан за 10 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Со овој собир официјално започнува третиот дел од претквалификацискиот циклус, во кој Македонија ќе се натпреварува во „А“ групата заедно со Ирска и Луксембург.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал објави поширок список на кошаркари, во кој се вклучени и неколку нови имиња што досега немаа настап за сениорската репрезентација. Намерата е стручниот штаб одблиску да ги процени нивните квалитети и потенцијал во пресрет на идните репрезентативни предизвици.

Подготовките ќе се реализираат во Скопје, а главниот фокус ќе биде ставен на дуелите против Ирска и Луксембург. Во текот на подготовките ќе биде донесена и конечната одлука околу натурализираниот кошаркар кој ќе биде во конкуренција за настап за националниот тим.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра на 2 јули против Ирска, додека три дена подоцна, на 5 јули, ќе гостува кај селекцијата на Луксембург.

Поширок список на играчи за ФИБА „прозорец“ 

  1. Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија
  2. Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
  3. Адем Мекиќ – Задар – Хрватска
  4. Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
  5. Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
  6. Резарт Мемед – Бора – Косово
  7. Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД
  8. Павел Иванов – НЦАА – САД
  9. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  10. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  11. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  12. Виктор Ташовски – ТФТ
  13. Страхил Николов – ТФТ
  14. Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
  15. Мухамед Тачи – Чаир 2030
  16. Рубин Стефанов – Ангели
  17. Виктор Ефремовски – Работнички
  18. Андреј Митревски – Пелистер
  19. Лука Стојановски – Пелистер
  20. Никола Бојчев – Кожув
  21. Теодор Симиќ – Кожув
  22. Амар Хот – Маџари
  23. Марко Луканоски – Маџари
  24. Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл
  25. Михаил Наумоски – Феникс 2010

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!