Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија без загубен сет го победи Исланд со 3:0

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентација го победи Исланд со 3:0 на турнирот во Атина, Грција, во рамките на Европската лига.

Нашата репрезентација одигра одличен натпревар, каде избраниците на Јошко Миленковски прикажаа квалитетна и сигурна игра. Македонија до победата стигна со сетови 25:21, 25:23 и 25:19, покажувајќи стабилност и концентрација во клучните моменти од мечот.

 Со оваа победа го запишаа вториот триумф во новата сезона, по оној над Луксембург во Струмица.

Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 24 поени, додека Лука Костиќ додаде 10. Кај Исланд најрасположен беше Торарин Орн Јонсон со 13 поени.

ФОТО: Спортска Мрежа | Горан Кипријановски Кипре веќе со години е еден од најпрепознатливите македонски навивачи. Тој оди на секое првенство каде учествува Македонија во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка

Утре македонската одбојкарска репрезентација ќе го одигра својот следен натпревар во Европската лига против селекцијата на Грција.

ФОТО: Спортска Мрежа

Домаќинот ќе ја има улогата на фаворит во овој дуел, но избраниците на Јошко Миленковски ќе имаат можност уште еднаш да покажат дека можат рамноправно да се носат и со најсилните репрезентации. По убедливата победа над Исланд, македонските одбојкари со дополнителна самодоверба ќе влезат во новиот предизвик.

ФОТО: Спортска Мрежа

Натпреварот меѓу Македонија и Грција е закажан за утре со почеток во 19:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!