Останато

ВИДЕО: Радовишанката Изабела Зајков блесна во Норвешка – златен медал на „Осло Опен 2026“

Сподели
Сподели

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков од Радовиш, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Членката на Team Carvalho Macedonia денес го освои првото место на престижниот турнир „Oslo Open 2026“ во Норвешка, закитувајќи се со златен медал во категоријата Juvenile Girls GI / Blue Belt до 65 килограми.

Под водство на својот тренер Бруно Карваљо, Зајков имаше доминантен настап и уште еднаш го потврди својот огромен потенцијал. Во полуфиналето забележа сигурна победа со резултат 6:0, а во финалната борба убедливо ја совлада 17-годишната домашна натпреварувачка Каролине Мевасвик со 4:0, со што заслужено се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Овој резултат претставува нова потврда за континуираниот напредок на младата радовишанка, која и покрај своите 15 години веќе има богато меѓународно искуство и значајни резултати зад себе.

Само пред неколку дена Зајков доби покана од реномираниот тренер Бруно Карваљо за учество на 14-дневен BJJ камп во Осло, каде заедно со талентирани борци од повеќе држави работи на своето дополнително спортско усовршување. Во текот на јануари годинава таа престојуваше и на 30-дневни подготовки во светски познатиот ММА камп „Tiger Muay Thai“ во Тајланд, под покровителство на Team Carvalho од САД.

Зад себе Зајков веќе има освоено бројни медали на престижни меѓународни натпревари, меѓу кои златен медал на „ABU DHABI World Tour Rome“, сребро на „AJP Europe Continental“ во Истанбул, како и четири медали и шампионски појас на турнирот „NAGA Detroit“ во Соединетите Американски Држави.

За Изабела натпреварувачкиот викенд во Осло сè уште не е завршен. Утре ја очекува нов предизвик во категоријата Female Adult NoGi – Advanced Level до 66,5 килограми, каде ќе се натпреварува во сениорска конкуренција против поискусни ривалки. Во првата борба ќе се соочи со 23-годишната Норвежанка Ада Кулсет.

Со денешниот златен медал, Изабела Зајков уште еднаш покажа дека е една од најперспективните млади спортистки во Македонија и вистински амбасадор на македонскиот спорт на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!