РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Последен „танц“ во светиот дрес: Викторија Панчурова стави крај на репрезентативната кариера

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Македонската репрезентативна голманка Викторија Панчурова на само 26-годишна возраст одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера и вечерва во Битола го одигра последниот натпревар во дресот со државниот грб.

Македонија на домашен терен загуби од Азербејџан со 1:3 во квалификациите за Светското првенство, а овој натпревар ќе остане запаметен како последниот настап на Панчурова во националниот тим. За голманката од Струмицa тоа беше последниот „танц“ во светиот дрес, крај на едно долго и емотивно патување кое траеше цели 12 години.

По натпреварот, Панчурова со емотивна порака се прости од репрезентацијата.

„Од девојче кое во 2014 година за првпат го облече дресот на Македонија. Дванаесет години чест, гордост и неизмерна љубов кон дресот што секогаш го носев со срце. Од првиот повик до последниот натпревар, секој тренинг, секоја одбрана, секоја победа и секој тежок момент ме направија личност што сум денес. Имаше победи што ќе ги паметам засекогаш, порази од кои научив многу, солзи, насмевки, незаборавни патувања и луѓе кои станаа дел од моето секојдневие. Благодарам на секоја соиграчка, на секој тренер, на целиот стручен штаб, на моето семејство и на сите кои веруваа во мене и беа покрај мене во текот на ова патување. Дојде време за ново поглавје, но љубовта кон фудбалот и гордоста што ја чувствував секогаш кога ја преставував Македонија ќе останат засекогаш во мене“, рече Викторија Панчурова.

Во чест на нејзиниот последен настап, на стадионот во Битола беше организирана и мала свеченост. Панчурова доби дрес со бројот 1 и врамена фотографија како знак на благодарност за нејзиниот придонес во развојот и успесите на женската фудбалска репрезентација на Македонија.

Тоа беше момент исполнет со емоции, момент кој ги разбуди спомените за сите одбрани, настапи и години поминати во националниот тим.



Панчурова првпат го облече репрезентативниот дрес во 2014 година, а на клупски план во кариерата настапуваше за Истатов во периодот од февруари до јули 2013 година. Потоа застана на голот на Тиверија Брера, каде остана до ден-денес и израсна во една од најдобрите македонски голманки.

Со струмичката екипа во сезоната што измина го освои и Купот на Македонија, а и покрај збогувањето со репрезентацијата, 26-годишната голманка ќе продолжи да го брани голот на Тиверија Брера.

Со нејзиното повлекување завршува едно значајно поглавје во женскиот репрезентативен фудбал, но зад Викторија Панчурова остануваат 12 години посветеност, гордост и љубов кон дресот на Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, соопштија официјално од клубот. Кузмановски доаѓа на местото на Бојан...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!