Останато

Златото од Нови Сад пристигна во Василево: Драгица Глигорова примена од градоначалникот Андонов

Сподели
Сподели



Големиот успех на младата кикбоксерка Драгица Глигорова, која освои златен медал на Балканското првенство во кикбокс во Нови Сад, Србија, беше повод за прием во oпштина Василево.

Глигорова, која со својот настап се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал на силното балканско натпреварување, уште еднаш покажа дека македонскиот спорт располага со таленти кои со напорна работа, дисциплина и посветеност можат да стигнат до врвни резултати.

Нејзиниот успех претставува голема гордост за Василево и за целиот регион, а признание за постигнатото стигна и од градоначалникот на oпштина Василево, Славе Андонов, кој ја прими младата шампионка и ѝ честиташе за освоеното злато.

„Голема чест и задоволство ми беше денес да ја примам нашата млада и успешна спортистка Драгица Глигорова од Василево, освојувач на златен медал на Балканското првенство во кикбокс кое се одржа во Нови Сад, Србија. Нејзиниот успех е гордост за општина Василево и доказ дека со труд, посветеност и упорност се постигнуваат врвни резултати. Честитки за освоениот медал и посакувам уште многу спортски успеси во иднина“, рече градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Освојувањето на балканското злато е уште една потврда за квалитетот и потенцијалот што го поседува Драгица Глигорова, која со своите настапи продолжува достојно да ги претставува Василево и Македонија на меѓународната спортска сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!