Прва лигаФудбал

Сулејман Алими е нов претседател на Шкендија Арачиново: Прволигашот отвора ново поглавје

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново доби нов претседател. На седница одржана од раководните органи на клубот, за нов прв човек на клубот беше избран Сулејман Алими.

Од клубот истакнуваат дека со оваа одлука започнува ново поглавје во организацијата и развојот на Шкендија Арачиново, со јасна цел да се продолжи патот на спортските успеси и дополнително да се зајакнат клупските структури.

Воедно, од клубот му посакаа многу успех на Алими во извршувањето на новата функција, изразувајќи уверување дека под негово водство Шкендија Арачиново ќе продолжи да бележи позитивни резултати и во Првата македонска фудбалска лига.

Покрај изборот на новиот претседател, клубот го формираше и новото раководство. За потпретседател е назначен Ферат Беќири, генерален директор ќе биде Денис Јаја, додека функцијата спортски директор ќе ја извршува Исуф Бајрами.

Бојар Јаји е именуван за секретар на клубот, Ќерим Беќири за благајник, Азам Аки за портпарол на клубот, а Нехат Јусуфи за претставник на клубот. За претставник на дијаспората е назначен Решат Рамадани, додека за комесари за безбедност се именувани Авди Јусуфи, Гадаф Шабани и Насер Јусуфи.

Зад Шкендија Арачиново е историска сезона. Тимот го освои третото место во Втората македонска фудбалска лига и преку бараж обезбеди пласман во елитното друштво на македонскиот фудбал.

Во решавачкиот бараж натпревар против Пелистер, регуларниот дел заврши без победник (1:1), по што патникот во Првата лига беше одлучен по изведувањето пенали. Херој на Шкендија Арачиново беше голманот Антонио Столевски, кој со неколку фантастични интервенции во пенал-серијата му донесе историски триумф на својот тим и обезбеди прв историски пласман на клубот во Првата македонска фудбалска лига.

Со нов претседател и со голем успех зад себе, во Арачиново со оптимизам ги очекуваат предизвиците во дебитантската сезона меѓу најдобрите македонски фудбалски клубови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!