ФудбалФутсал

Како виното – сè подобар: Мартин Тодоровски останува дел од шампионскиот КМФ Проект!

Сподели
Сподели



КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро за новата сезона, откако клубот ја потврди соработката со еден од своите најискусни и најзначајни членови, Мартин Тодоровски.

По историската сезона во која тимот од Јосифово ја освои двојната круна без ниту еден пораз и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите, раководството на клубот јасно покажува дека амбициите остануваат највисоки – одбрана на шампионската титула и Купот на Македонија.

Тодоровски и минатата сезона беше еден од лидерите на тимот, со значајна улога како на теренот, така и надвор од него. Освен што ќе продолжи да го носи дресот на КМФ Проект, тој и понатаму ќе биде дел од стручниот штаб во улога на помошник тренер.

Претходно, клубот ја потврди и соработката со најдобриот стрелец и македонски репрезентативец Марио Благојевски, што е уште еден показател дека Проект сериозно се подготвува за новите предизвици на домашната и европската сцена.

Од КМФ Проект со емотивна порака ја потврдија верноста на Тодоровски.

„Како виното е – со годините сè подобар! Мартин Тодоровски верен на КМФ Проект! И во сезоната 2026/27, еден од најискусните и најважни членови на нашиот тим – Мартин Тодоровски ќе биде дел од КМФ Проект. Додека многумина би помислиле дека годините носат забавување, Маки уште еднаш покажа дека искуството е непроценливо. Зад себе има сезона во која одигра на високо ниво, со настапи и влијание какви што ги паметиме од неговите најдобри денови. Покрај својата улога на теренот, Мартин и понатаму ќе биде важен дел и од стручниот штаб, продолжувајќи како помошник тренер, пренесувајќи го своето знаење, карактер и победнички менталитет на новите генерации. Со нас и на теренот и покрај него. Заедно продолжуваме“, велат од клубот.

Со задржувањето на искусниот Тодоровски, КМФ Проект добива дополнителна сигурност во пресрет на сезоната во која ќе ги брани двата домашни трофеи и ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!