ФудбалФутсал

Вечерва ПРЕМИЕРА: Патот до двојната круна на КМФ Проект без ниту еден пораз

Сподели
Сподели

Вечерва ќе можете да го проследите новото издание од спортска емисија Спортска Мрежа во која гостуваат Иван Гавровски, претседател на КМФ Проект, Игор Димов, тренер на шампионскиот состав, и Марио Благојевски, капитен и најдобар стрелец на екипата.

Каков беше патот на КМФ Проект до историската двојна круна без ниту еден пораз?

Колку е тешко да се менаџира футсал клуб во Македонија и со кои предизвици најчесто се соочуваат клубовите?

КМФ Проект ја заврши сезоната без пораз – дали тимот од Јосифово беше доминантен во однос на конкуренцијата и колку навистина беше тешко да се стигне до овој успех?

Кои се плановите и амбициите за новата сезона, дали ќе има засилувања и што може да се очекува од настапот во квалификациите за Лигата на шампионите?

Ќе го добие ли Проект првото странско засилување?

Вечерва одговор на многу повеќе од овие прашање ќе бараме од Гавровски, Димов и Благојевски, следете не’ на YouTube каналот Спортска Мрежа од 21 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!