Останато

Драма во Чешка: Иџе по излетување со автомобилот се врати и заврши на подиум !

Сподели
Сподели

Нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, имаше неверојатен тркачки викенд на патеката Еце Хомо во Чешка, кој донесе вистинска драма, пех и на крајот голем успех.

Викендот започна несреќно за македонскиот ас, откако во првата трка доживеа сериозно излетување од патеката, при што неговиот автомобил претрпе значителни оштетувања. И покрај тоа, Иџе и неговиот тим направија огромен напор и во рекордно време успеаја да го оспособат болидот за втората трка.

Во вториот настап, Стефановски покажа карактер, борбеност и врвна возачка умешност, па успеа да се искачи на подиумот и да го освои третото место, со што го заокружи викендот со значаен резултат.

„Ова беше една од најтешките трки во мојата досегашна кариера. Имавме навистина големи оштетувања на автомобилот, но со брза реакција на мојот тим успеавме да го оспособиме за втората трка. На крајот некако стигнавме до третото место и овој пехар ќе има посебно место на мојата полица, бидејќи навистина го заслужува тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите за огромната поддршка“, изјави Иџе.

Следната трка за Иџе е веќе претстојниот викенд, кога ќе настапи во рамки на Европскиот шампионат во ридско-планински трки во Германија, на патеката во Глазбахренен. Македонскиот автомобилист ќе се обиде да ја продолжи добрата форма и да освои нови бодови во генералниот пласман, по успешниот настап во Чешка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!