Останати репрезентацииОстанато

Милијана Релиќ освои бронзен медал на Г-3 Европскиот куп во Германија

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Релиќ освои бронзен медал на Г-3 турнирот што се одржа во Германија, по серија одлични настапи и важни победи против квалитетни противнички.

Релиќ го започна настапот сигурно, совладувајќи ја Натали Тадиќ од Хрватска со 2:0 во рунди во првото коло. Со стабилна и контролирана борба, таа го продолжи својот пат и во второто коло, каде беше подобра од Ингибројд Греташтодир од Исланд.

Најголемиот успех на турнирот го обезбеди во борбата за медал, каде во неизвесен дуел со Чаима Тоуми од Тунис славеше со 2:1 во рунди и со тоа го осигура бронзениот медал.

Во полуфиналната фаза, Релиќ имаше исклучително тежок предизвик против една од најдобрите натпреварувачки во категоријата – олимписката шампионка од Париз, Вивијана Мартон од Унгарија. И покрај борбениот настап, македонската натпреварувачка беше поразена со 2:0 во рунди, но со пласманот во полуфинале и освоениот бронзен медал уште еднаш го потврди својот квалитет на меѓународната сцена.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!