Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски: Ја остваривме зацртната цел и можеме да бидеме задоволни

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Една победа против Луксембург и еден пораз од Холандија е билансот на машката македонска одбојкарска репрезентација по првиот турнир од Европската лига 2026. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски успешно го одработија првиот турнирски викенд во новото издание на натпреварувањето и ја исполнија целта што претходно беше поставена.

Селекторот на Македонија изрази задоволство од изданието на својот тим против фаворизираната Холандија, како и од победата над Луксембург. Според Миленкоски, репрезентативците покажале карактер, дисциплина и квалитет, што претставува добра основа за продолжението на натпреварувањето.

Македонија го отвори турнирот со важен триумф над Луксембург, а потоа пружи силен отпор против селекцијата на Холандија, која важи за еден од главните фаворити во Европската лига. И покрај поразот, настапот против Холанѓаните остави позитивен впечаток и потврди дека тимот е на добар пат пред следните предизвици.

„На стартот на уште едно издание на Европската лига бевме домаќини на еден од турнирите и тоа на репрезентациите на Холандија и Луксембург. Реално фаворитската улога на овој турнир ја имаше Холандија, една од светските одбојкарски велесили, која ја оправда со две победи. Луксембург, пак, потврди дека во Европа нема веќе тотални аутсајдери. Македонија во дуелот со Холандија имаше светли моменти и понуди сериозен отпор. Гледано од наша перспектива ние игравме подобро со Холандија отколку против Луксембург иако драстично ослабени со неиграњето на еден од столбовите на нашата игра Александар Љафров. Бевме близу и до освојување на еден сет, што во овој моменти би било еден максимален резултат. Против Луксембург ја оправдавме улогата на фаворити и ги освоивме првите бодови. Со исклучок на првиот сет каде императивот на победа, нервозата и притисокот кој го чувствувавме му дозволија на противникот да го освои. Се понатаму беше рутина и потврда на квалитетот и убедлива победа. Со самото тоа ја остваривме првично зацртаната цел и можеме да бидеме задоволни“, изјави Миленкоски.

Репрезентативците денеска имаат слободен ден и попладнево повторно се собираат во Скопје, додека утре продолжуваат со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ пред да отпатуваат за Атина, каде претствојниот викенд ги очекуваат новите предизвици во Евролигата.

„Следниот викенд го играме вториот турнир во Атина против репрезентациите на Грција и Исланд. Повторно и тука имаме еден фаворит, тоа е домаќинот на турнирот и една репрезентација како Исланд со која имаме фаворитска улога и императив за победа“, вели Миленкоски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!