Ракомет

РК Прилеп продолжува да се засилува: Андреј Стојановски пристигна од Тинекс Пролет

Сподели
Сподели



РК Прилеп продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување во редовите на прилепчани е младиот македонски ракометар Андреј Стојановски.

Стојановски настапува на позицијата лев бек и во Прилеп доаѓа од редовите на РК Тинекс Пролет, клуб во кој ги мина младинските категории и се разви во еден од најперспективните македонски ракометари на својата позиција.

Новиот ракометар на Прилеп е роден на 21 август 2004 година и зад себе веќе има значајно искуство во македонската Суперлига, а настапуваше и за младинските репрезентативни селекции на Македонија. Меѓу позначајните моменти во неговата кариера е и настапот на Светското младинско првенство во Полска, каде ги бранеше боите на националниот тим.

Во Прилеп веруваат дека неговата младост, енергија, борбеност и желба за напредок ќе донесат дополнителен квалитет во играта на тимот и ќе помогнат во реализацијата на амбициозните цели за сезоната што следува.

Претходно, прилепчани се засилија и на голманската позиција со искусниот Благојче Трајкоски, кој по богата кариера во повеќе македонски клубови се врати во својот роден град. Со овие потези, РК Прилеп јасно покажува дека подготвува конкурентен состав за новата сезона.

По одличната мината сезона, во која без пораз го освои првото место во плеј-аут конкуренцијата, РК Прилеп има високи амбиции и во наредниот шампионат, со јасна цел да се вклучи во борбата за место во плеј-офот на македонската Суперлига.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!