Ракомет

Европскиот херој доби поддршка од трибините: Навивачите бараат Јасухира да остане за наредната сезона

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Навивачите на Охрид не сакаат лесно да се разделат со човекот кој за кратко време стана еден од симболите на европскиот успех на клубот. Тие покренаа петиција со која бараат Косуке Јасухира да остане дел од тимот и во следната сезона, а воедно и да добие македонско државјанство.

Јапонскиот среден бек пристигна во Охрид во текот на пролетниот дел од сезоната, но експресно се вклопи во екипата. Со своите игри и лидерска улога во организацијата на нападот, Јасухира брзо ја освои довербата на стручниот штаб, соиграчите и публиката.

ФОТО: ГРК Охрид

Во моментите кога управата на клубот и ракометарот ги водат разговорите за евентуално продолжување на соработката, поддржувачите на Охрид решија јавно да покажат колку им значи неговото присуство во тимот.

Токму Јасухира беше еден од најзаслужните за историскиот резултат на охриѓани оваа сезона. Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот куп, откако во финалниот двомеч беше поуспешен од унгарска Татабања и ја испиша најсветлата страница во клупската историја.

Петицијата е достапна на овој линк.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

Поврзани написи
Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!