РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Павлинка Николовска носи победа за Македонија против Андроа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација забележа победа од минимални 0:1 над репрезентацијата на Андора во гости, во рамки на квалификациите за Светското првенство.

По чистите мрежи во првиот дел (0:0), Македонија создаваше свои можности за да го загрози голот на противникот, а голот дојде во 86. минута од средбата кога Павлинка Николовска постигна погодок за триумф од минимални 0:1.

Девојките на Александар Андов ја забележаа својата втора победа во квалификациите, откако одново ја добија Андора, овој пат во гости, на првото соочување на домашен терен нашата репрезентација беше подобра со 3:0.

Македонија одигра одличен меч во кој постојано правеше притисок кон голот на противникот, самата статистика доволно говори за тоа. Испратени вкупно 20 удари кон голот на Андора, десет во рамки на голот, од кој еден успеа Николовска да претвори во погодок.

Следен предизвик ќе биде на домашен терен против Азербејџан, а мечот е закажан за 9 јуни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!